climber-on-k2

K2: The impossible Descent

Во светот на планинарењето и алпинизмот најчесто се зборува за искачувањата што ги прават луѓето, без разлика дали станува збор за првенствено искачување, повторување на некоја рута или поствавување на брзински рекорд. Ретко се зборува за спуштањето, а уште поретко се додава епитетот „историско„ (Прочитај: СКИЈАЊЕ ОД MONT BLANC ПРЕКУ BRENVA СТРАНАТА). Сепак во светот постојат атлети што сакаат да ги поместат сопствените лимити и притоа да направат нешто што се сметало за „невозможно“. Еден таков лик е полскиот ски – алпинист Andrzej Bargieal којшто имаше амбиција да го спушти вториот највисок врв на Хималаите, К-2 со скии (без да ги извади скиите во ниту еден момент) и да биде првиот човет во што го направил тоа.

Филмот K2: The impossible Descen ни претставува низ што се помина Andrzej, кои рути ги одбра за качување а кои за спуштање, како новата технологија помогна во спасувањето на животи на висини од 7000 метри и за моралните дилеми што се јавуваат при ваква експедиција. УЖИВАЈТЕ


beyond-the-results-logo

Скијање од Mont Blanc преку Brenva страната

На 25.05.2020 година, 62 годишниот италјанскиот планинарски водич Edmond Joyeusaz успеа да ја се спушти од „Mont Blanc“ преку „Comino – Grassi“ насоката што се наоѓа на Brenva страната. За сериозноста на овој подвиг кажува фактот што искачувањето на највисокиот алпски врв преку оваа страна претставува сериозен алпинистички предизвик.

Самиот Edmond признава дека до пристапот на насоката пристигнал со хелихоптер, бидејќи ја немал потребната физичка и ментална спремност за да го изведе ова без помош од превозно средство. Повеќе тешнички детали можете да прочитате во интервјуто за planetmountain.com. Уште еден доказ дека годините се само бројка којашто најчесто служи за изговори.


beyond-the-result-logo

Како да направите (рекорд на) „Everesting“ ?

Пензионираниот велосипедист Phil Gainmon заедно со неговиот „KOM-Rad“ Ben Foster имаат мисија да го направат најбрзиот „Everesting“ (искачување на 8.848 метри во една активност на едно брдо) на велосипед. Самото комплетирање на овој предизвик бара детална стратегија, каде што ќе бидат земени предвид многу фактори (должина на сегментот, стрмност, временски услови, техничка тежина на теренот итн) и една лошо промислена работа може да резултира со неуспех. Во продолжение ви претставуваме три видео записи каде што Phil и Ben ги објаснуваат сите детали, каде нивниот план успеал, кои биле грешките што ги направиле и слично.


beyond-the-results-logo

Видео од брзинското искачување на Аконкагва на Александар Кирковски

Краток филм од експедицијата на Аконкагва 6962м. Дваесетина минути видео запис од Андите кои ја раскажуваат приказната за авантурата на двајца пријатели и пасионирани вљубеници во планината, но воедно и документиран материјал за едно значајно поместување на границите во македонскиот планинарски спорт што би требало да мотивира многумина. Патот до успех во спортот, планините, но и во животот не е едноставен и бара искрен пристап и максимален влог.


Како „MTB“ влијае на менталното здравје?

Пандемијата на „COVID 19“ претставува закана не само за нашето физичко здравје туку и за психичкото. Можеби кризата со вирусот е на својот крај, но сепак несомнено е дека ни предстојат тешки и неизвесни времиња. Токму поради ова, грижата за сопственото ментално здравје треба да ни биде еден од приоритетите. Најновите студии покажуваат дека активностите во природа се еден вид на терапија на телото и умот. Бидете актвини и грижете се за себе.


beyond-the-results-logo
планината-те-учи

Учиме планинарење: Преку Водно до Хималаите

Младинска комисија при ФПСМ најавува мини серијал, една необична авантура низ македонските планини. Секоја епизода си има своја приказна која ќе не научи како најдобро да се подготвиме за секоја планина и секој врв.

Мини серијалот ќе биде пригоден за сите возрасти.

Епизодите ќе бидат објавени на нивната facebook страница и на нивниот youtube канал.

Прва епизода:

Спремете го ранецот и чизмите и се гледаме на планина!


beyond-the-results-logo

Просечен човек vs Надпросечна угорница

Новинарот на „Eurosport“ Tom Bennet си зададе задача да види колку може да напредне со држејќи се до строг тренинг план во период од 6 недели. Тој реши, со велосипед да го искачи најстрмниот пат во Англија, „Hardknott Pass“ ( 3.1 km долг, 12% просечна угорница, 316 m висинска разлика и 33% угорница на најстрмниот дел). Планот е да направи 2 обида на оваа брутална рута, најпрво без никакво посебни подгововки и после завршена тренинг програма.

Погледнете како „делува тренинг програма на еден просечен човек“ и сфатите зошто е потребна истата.


beyond-the-results-logo

Tom In Memoriam

„Сеќавање за Tom Bellard“ е филм во којшто е документиран обидот на Британскиот алпинист да ги искачи во соло стил за една зимска сезона шестте северни страни на алпските класици: „Cima Grande di Lavaredo“, „Pizzo Badile“, „Matterhorn“, „Grandes Jorasses“, „Petit Dru“ и „Eiger“. За жал во 2019 година, заедно со Daniele Nardi на „Nanga Parbat“ ги фаќа лавина и двајцата ги губат своите животи.

Филмот можете да го погледнете на „Planet Mountain


beyond-the-results-logo

Вежбање во домашни услови

Кризата предизвикана од коронавирусот и карантинот кој се наметна како најсоодветен одговор, ги натера луѓето да направат големи промени во секојдневието за кратко време. Овие промени можеби највеќе ги осетија вљубениците на „outdoor“ активностите бидејќи суштината на овие активности е да се биде надвор и да се ужива во совладувањето на препреките што природата ги задава. Како одговор на сето ова луѓето од „Uphill Athlete“ објавија серија на вежби за сила и издржливост кои што можат да се прават во домашни услови, се со цел да останеме активни и да бидеме спремни кога оваа криза ќе заврши.

Бидете одговорни за сопственото и здравјето на сите околу вас. Останете дома и бидете активни.


beyond-the-results-logo