Годините се само бројка

Доколку некогаш помислувате дека сте престари за да направите нешто или пак дека во поодминати години нема да можете да уживате во адреналинот, погледнете го филмот за Marcel Remy кој на свои 94 години (деведесет и четири) се искачува на северозападната страна (450 метри) на Miroir de l’Argentine во Швајцарија.


beyond-the-results-logo

Тренинг за време на пандемија

Додека спортските натпревари ширум светот се откажани како резултат на појавата на COVID-19, тренинг процесот може и треба да продолжи. Покрај очигледниот ризик за нас самите да се инфицираме од новиот вирус, и останатите околу нас ги ставаме во ризик доколку сме носители. Затоа, им должиме на сите околу нас, особено на ранливите категории, да превземеме секакви мерки на претпазливост. Да разгледаме како да останеме здрави додека тренираме и да продолжиме да ги подобруваме нашите хигиенски навики за да можеме сите да уживаме во подобро здравје, бидејќи секој непланиран ден одмор ќе не чини два и пол дена дополнителен тренинг за да се вратиме на истото ниво.

Четири главни фактори за менаџирање на ризикот од инфицирање и останување здрави:

  1. Веројатност: Која е шансата да се разболам (со оглед на мојот живот и начин на живот)?
  2. Последици: Што ќе случи ако се разболам? Што ќе изгубам?
  3. Изложеност: Како можам да ја намалам изложеноста на вирусот?
  4. Ранливост: Како можам да го зголемам мојот имунитет?

Кога сме кај менаџирање на ризикот, повеќето луѓе никогаш не ни размислуваат ни за првиот фактор веројатноста и поради тоа донесуваат многу лоши одлуки. Кога ќе ги искомбинирате сите четири фактори, добивате моќна одбранбена алатка.

Но како да ја намалите изложеноста на вируси, еве неколку начини: држете растојание од луѓето во близина (најмалку 1 метар), ако се разминувата со некој кој покажува знаци на разболување вдишете пред да се разминете и издишете по разминувањето, избегнувајте настани и места каде што има голема фрекфенција на луѓе, избегнувајте тренинг во затворени простории и тренинг во големи групи. Исто така внимавајте на јавните површини кои ги допирате и доколку имате можност користете ги лактите или доколку немата можност користете некаква бариера за да ги допрете (пр. марамче), носете секогаш со вас средство за дезинфекција, носете си ваше пенкало, никогаш не ги допирајте вашиот нос, очи или уста и најважното често мијте ги рацете.

За да го подобрите вашиот имунитет имајте квалитетен сон, квалитетна исхрана, контролирајте го стресот, избегнувајте тренинг на висок интезитет ако не се осеќате добро или сте немале квалитетен сон, избегнувајте алкохол, не практикувајте „fasted“ тренинзи (можеби ќе имате аеробен напредок со овие тренинзи, но го компромитираат имунитетот).

Можеби повеќето околу вас ќе ве сметааат за чудак, но вашето здравје е најбитно, а во овој момент секој од нас има одговорност кон ранливите категории и намалување на ширењето на COVID-19.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


beyond-the-results-logo

Резултати од националното првенство на 10 000 метри

На 08.03.2020 (недела), беше одржано националното првенство во трчање на 10 000 метри во организација на Атлетската Федерација на Македонија. Кај девојките првите три места ги освоија: Адријана Поп Арсова (36.54.42), Миљана Ристиќ (41.01.85) и Весна Кираџиева (43.14.20) додека пак во машка конкуренција на подиумот се искачија: Атанас Анчевски (33.01.06), Мартин Милошевски (34.32.21) и Марјан Бонев (34.36.54). Честитки до сите учесници и им посакуваме успешна сезона.

Официјалните резултати можете да ги погледнете ТУКА


beyond-the-results-logo

MOVE

We all try to be busy instead of being alive, busy instead of getting out and breathing, busy sending useless texts instead of walking in the woods with our kids or introducing them to life’s joys. We move information instead of simply moving. – Will Gadd


Ски турата Хох-Тирол

Скијачката патека Хох-Тирол води од Касерн во Јужен Тирол, преку фасцинантните врвови и глечери од регионот Венедигер до Гросглокнер (највисокиот врв во Австрија) и завршува во селото Калс во Источен Тирол. Оргиналната тура вообичаено е трае за шест дена, бара многу издржливост и поминува шест врвови над 3 000 метри надморска височина. Момците Филип Ритер и Франсоа Дехен турата успеаа да ја поминат за неверојатни 27,3 часа. За разлика од оргиналната рута која користи транспорт со такси или автобус, тие решија да се потпрат само на себе и се качуваа со скии или пешки по гребените, кои на некои места имаа и секции со оцена според УИАА II/IV. На крајот часовникот покажа поминати 89,21км. со 9 203м. искачена висинска разлика.

Филип Ритер: „We started in the rain, then had a 30-hour, reasonably good, ‘fair weather window’, before we got into a whiteout on the last downhill from the Großglockner. After the first half of the route we came into the night and I wasn’t feeling well at all: stomach cramps, no more energy and still over 4,000 vertical meters in front of you. It’s really hard. But it always works somehow.“


„The man with the hammer“

Стравот на сите „endurance“ атлети. Кај трчачите се јавува обично после 30-ти километар, кога нозете се тешки, почнуваат грчеви и имате чуство на тотална исцрпеност. Овој феномен е познат како „The man with the hammer“. Како да се победи? Како да се пролжи понатаму?


beyond-the-results-logo

Водич за пролетните велосипедски класици

Класиците се најпознатите еднодневни трки во велосипедизмот, а најголемиот дел од нив се одвиваат во Северна Европа напролет. За повеќето фанови и велосипедисти овие трки се најдоброто време во годината. Честопати се води расправа за тоа што треба и што не треба да се смета како класик, но за целите на овој водич вклучуваме сè, од петте најпознати трки наречени „Monuments“, до полу-класиците.

Овие трки честопати се позабавни од кој било ден од повеќедневните „Grand Tours“ или други етапни трки, бидејќи големите тимови не можат да ја уништат возбудата или задоволството со големите тактизирања и контрола на трката. Едноставно на овие трки се оди на се или ништо.

Omloop Het Nieuwsblad
Дата:
29.02.2020 (сабота)
Каде: Гент, Белгија
Должина: Maжи – 200км / Жени – 130км
Технични детали: 13 категоризирани брда и 12 секции на калдрма.

Kuurne-Brussels-Kuurne
Дата: 01.03.2020 (недела)
Каде: Курне – Брисел – Курне, Белгија
Должина: 200км

Kuurne-Brussels-Kuurne-race

Strade Bianche
Дата: 07.03.2020 (сабота)
Каде: Тоскана, Италија
Должина: Maжи – 176км / Жени – 103км
Технични детали: гравел секции повеќе од 50км

Strade-Bianche -race

Milan-San Remo
Дата: 21.03.2020 (сабота)
Каде: Милан – Сан Ремо, Италија
Должина: 295км

Milan-San-Remo-race

Gent-Wevelgem
Дата: 29.03.2020 (недела)
Каде: Гент – Вевелгем, Белгија
Должина: Maжи – 240км / Жени – 115км
Технични детали: секции калдрма, брда и гравел секции

Gent-Wevelgem-race

Tour of Flanders
Дата: 05.04.2020 (недела)
Каде: Антверп, Белгија
Должина: Maжи – 267км / Жени – 157км
Технични детали: 18 брда од калдрма

Tour-of-Flanders-race

Paris-Roubaix
Дата: 12.04.2020 (недела)
Каде: Париз – Рубе, Франција
Должина: 250км
Технични детали: 29 секции калдрма со вкупна должина од 54,5км

Paris-Roubaix-race

Flèche Wallonne
Дата: 22.04.2020 (среда)
Каде: Валониа, Белгија
Должина: Maжи – 199,5км / Жени – 188,5км

Flèche-Wallonne-race

Liege-Bastogne-Liege
Дата: 26.04.2020 (недела)
Каде: Лиеж – Бастон – Лиеж, Белгија
Должина: Maжи – 260км / Жени – 135км

Liege-Bastogne-Liege-race

beyond-the-results-logo

Човек истрчал 50 km во соба

Поради епидемијата на „Корона“ вирусот, неколку градови во Кина воведоа карантин за своите граѓани од разбирливи причини. Сепак кога еден маратонец ќе го затворите во куќа (при тоа нема да му обезбедите лента за трчање) мора да смислува инвентивни начини како да си го одработи тренингот. Затекнат во оваа состојба, кинезот „Pan Shancu“ одлучува да спои 2 маси во својата куќа и да врти кругови околу нив се со цел да си го заврши превидениот „Long run“. Така вртејќи овој човек стигнал до бројка од 50 km или 6,250 круга (еден круг бил во должина од 8 метри) за време од 4:48:44. Уште поневеројатно е фактот што човекот е аматер и сето ова не го направил од што морал, туку едноставно го фатило „сафра“ да седи цел ден дома.

Извор: https://www.theguardian.com/world/2020/feb/12/coronavirus-chinese-man-under-lockdown-runs-31-miles-in-his-living-room


beyond-the-results-logo

4 чекори до првата трка во планинско трчање

Трчачите и „endurance“ атлетите се повеќе и повеќе ги привлекуваат трките во планинско трчање. Од прекрасните предели, до интересниот профил на патеката и пријателски расположената конкуренција, во овие трки секој може да се пронајде. Еве четири лесни чекори кои што можете да ги превземете за да ја започнете вашата авантура во планинското трчање:

1. Одберете трка

Водно – Матка Треилс и Охрид Ултра Треил нудат одличен спектар на трки со различни профили кои може да одговараат на вашите способности. Земете ги овие работи во предвид пред да го направите вашиoт избор:

  • дали сте во можност да се спремите физички за да ја завршите безбедно трката.
  • дали имате технички познавања за безбедно да ја завршите трката (трчање по технички стрмен терен, трчање во ноќни услови, навигација доколку е потребно…) и што треба да подобрите.
  • Размислете добро што треба да направите за да се припремите за трката и како тоа би го вклоппиле во вашите секојдневни обврски.

2. Дефинирајте ја вашата цел

По изборот на трката дефинирајте ги и вашите цели, дали тоа ќе биде да победите, да завршите на одредена позиција, временски лимит или само да финиширате. Направете реален избор според вашите способности, со цел да се чуствувате уште посреќни на финишот.

vodno-matka-finish

3. Проверете ги деталите

Согласно изброт на трката проверете ги сите технички карактеристики на патеката. Колку надморска височина се совладува, каков е теренот, колку освежитилни станици има и на кое растојание се, која е задолжителна опрема и сл. За сите дополнителни прашања слободно обратете се кај организаторите од Трекс. Исто така ве советуваме да ги поглeднете видеата од претходните трки:  

 4. Направете тренинг план

Веќе имате список на работи на кои треба да работите и можете да започнете да го планирате вашиот тренинг план. Постојат два клучни чекори кои што треба да се следат за добар тренинг план:

  • Одберете ги вашите 2 најслаби страни кои што сакате да ги подобрите. 
  • Одборете ги вашите 2 вештини кои што сакате да ги совладате.

Доколку сте во потрага на следниот „endurance“ предизвик, погледнете го одличниот спектар на трки кој ги организира спортскто друштво „Трекс“. Овие трки се од отворен карактер за секој кој што сака да се пријави и имаат различни профили со различна должина и надморкса висина кој што треба да се совлада, приспособени за сите.

ohrid-trail

beyond-the-results-logo

Позади камерите со Килиан Жорнет

Влегувањето во триесеттите години за Килиан Жорнет, најголемиот светски планински спортист, се совпадна со најдобрата и најлошата година од неговиот живот. Овој документарен филм го следи Жорнет преку интензивна 10-дневна турнеја во 10 градови низ целиот свет, овозможувајќи и на јавноста да види, за прв пат, сè што се случува околу професионалниот спортист, и да ја открие неговата помалку позната страна. Помеѓу презентациите, интервјуата и обврските кон спонзорите, и со само неколку часовно спиење се навраќа на годината обележана со повреди, за тоа како постигнува рамнотежа помеѓу конкуренцијата и личните проекти и за раѓањето на неговата прва ќерка.

Целиот документарец може да го погледнете на овој линк.

Официјален трејлер: