К2 – Последниот дијамант на хималајската круна

Декември е месецот кога започнува зимската сезона (според метеоролошкиот календар на 1 декември, додека пак според астрономскиот, на 21 декември), а со тоа и „опсесијата“ кој/а прв ќе се искачи на последната неискачена, во зима, 8.000ка на Хималаите, односно врвот К2.

Годинава не очекува особено голема гужва на Абруци (Abruzzi) гребенот (насоката по kоја ќе се прави обидот за искачување). Eден тим веќе е таму и поставува опрема (John Snorri, Ali Sadpara и Sajid Sadpara) коишто веќе стигнале до висина од 6000м. Вториот тим што работи се непалските качувачи Mingma Gyeale Sherpa, Dawa Tenzin Shepra и Kili Pemba Sherpa, коишто имаат стигнато до 6700м. Најголемата „екипа“ е на пат кон базниот камп и брои вкупно 60 луѓе, од кои 28 шерпаси и 30 клиенти и професионални планинари, меѓу кои е и Tamara Lunger. Последниот тим што ќе направи обид е Himalayan Elite Team што ќе работи за Nirmal Purja, човекот што ги искачи сите 14 врвови што се повисоки од 8.000м во една сезона.

Индивидуално гледано оваа година на К2 се наоѓаат физички најспремните луѓе, но токму тоа може да се покаже и како најголем проблем. Еден од пионерите на зимските искачувања, Simone Moro смета дека токму гужвата што ќе се направи на рутата кон врвот К2, во комбинација со кратките прозорци на убаво време како и комплицираните услови на гребенот, се главниот проблем што ќе го имаат качувачите оваа сезона. Исто така тука се јавува и проблемот на стилот на качување, односно користењето на боци со кислород. Многумина сметаат дека ваквото качување не е етичко и чесно.

Ние им посакуваме среќа на сите инволвирани и чекаме вести за напредокот.

Извор: Rock and Ice Magazine


beyond-the-results-logo
соло-на-планина

Соло на планина? Посебна состојба на умот

За сите вљубеници на „outdoor“ активностите, планината претставува еден вид совршенство, бидејќи нуди активности што го креваат адреналинот до максимум и активности што едноставно нудат мир и спокој, којшто не може да се доживее во урбаните средини. Како секое совршенство на овој свет така и планините имаат своја „темна“ страна. Колку што се гостопримливи, толку знаат да бидат опасни и сурови по животот на човекот. Токму ваквата „јин-јанговска“ филозофија бара да се има голема психофизичка подготвеност.

Основен начин да се редуцираат објективните (па до некаде и субјективните) ризици на планините е да не се оди САМ. Има многу причини зошто е подобро да се оди во мали групи (чопоративното одење можеби е поопасно од одењето соло), од тоа дека секогаш две глави подобро размислуваат и гледаат од една, давање на помош во несакани ситуации и многу други. Но, човекот не би бил човек доколку не се обиде да направи нешто што ќе го исфрли од „комфорт“ зоната. Така уште од самите почетоци на планинарските активности (планинарење, алпинизам, планинско трчање, МТБ итн.) се воспоставува т.н. категорија „СОЛО“ што значи дека си направил нешто САМ без никаква поддршка од други. Причини зошто би оделе сами има многу, но она што науката се труди да го одговори е дали постои разлика во фунционирањето на мозокот кај луѓето што прават неверојатно опасни работи, односно дали се „оперирани“ од страв. При испитувањата на мозокот на можеби најголемата екстрема во овој случај Alex Honnold се утврдило дека неговиот мозок е најнормален т.е. дека центарот за страв, амигдулата постои. Следно прашање е дали воопшто му фунционира, но и тука е утврдено дека тој дел од неговиот мозок фунционира како кај сите останати. Она што е различно е која информација го активира тој орган да испрати импулси за опасност, односно т.н. филтер на информации (PFC), моментите на солирање на 1000 метри висока карпа без никаква заштитна опрема во неговиот мозок не ги карактеризира како животна опасност и со самото тоа Honnold успева да направи нешто што 99,9% од луѓето не би можеле. Точен одговор зошто е ова вака немаме, но според него за да се чуствува комфорно во насока, потребно е да помине многу време во тренинг на истата (со заштита), студиозно проучување на сите детали и опасности и чекање на вистинскиот момент кога е психофизички подготвен да го направи искачувањето. Со други зборови соло-качувањето на некоја насока за него е комфорт зона.

Секако дека Honnold е екстрема, но принципот на функционирањето на мозокот е ист кај сите. Без разлика дали некој ќе почувствува страв на обична експонирана планинарска патека или пак на алпинистичка насока на Хималаите, процесите во мозокот се исти. Она што е различно е како се перцепира одредена ситуација. Токму затоа одењето СОЛО на планина бара „посебна“ состојба на умот, односно треба да сте физички подготвени, максимално фокусирани, и што е најважно од се, да имате чувство дека се наоѓате во некоја нормална ситуација за вас без разлика за тежината на нештата. Ова НЕ значи дека доколку одите сами на Водно може да одите сами на Титов врв, или доколку одите сами на Титов врв во лето дека истото можете да го направите и во зима. Солирањето на Новогодишен на Матка не ве прави подготвени да одите соло на „Нörnligrat“ на Матернхорн итн. Потребно е искуство, знаење и секако доведување во правилната состојба на умот, за да сами можете да уживате во убавата страна на планината.


beyond-the-results-logo

24H D+ vs Everesting

Еволуцијата го направила Хомо Сапиенсот да биде доминантен вид кога станува збор за „endurance“ активности (трчањето). Токму затоа, во денешно време луѓето бараат начини како оваа придобивка од природата да ја тестираат до максимум. Од маратони се направија ултра маратони, од триатлоните денес имаме ултра триатлони, почнаа да се органаизираат натпревари во планинско трчање, па во ултра планинско трчање итн. Како поминува времето, така наоѓаме начини да го тестираме сопственото тело и ум до самите граници и многу често да ги поминеме истите.

Како резултат на ова, во последните неколку години се повеќе се популаризираат тн. предизвици 24H D+ и „Everesting“. На прв поглег изгледаат многу слично но сепак постојат битни разлики во правилата и целта што спортистот сака да ја постигне.

Кога станува збор за 24H D+ целта е да се искачи што е можно повеќе висинска разлика во период од 24 часа, непрекинато. За да се официјализира потребно е:

  1. Електронски систем на мерење на времето на почеток и на највисоката точка;
  2. Да се носи електронски чип што ќе го регистрира времето;
  3. Патеката да биде официјално измерена од геодет;
  4. Да се направи анализа на крвта 72 часа пред почетокот;
  5. Мора да се трча ист круг, 90% од теренот да биде неасфалтиран, почетната и крајната точка да бидат на исто место со цел да се има ист број на кругови нагоре и надоле и
  6. Да бидете регистрирани на „Quartz

Кај „Everesting“ целта е искачат 8848 метри (висината на Еверест) пратејќи ги следниве правила:

  1. Искачувањето да биде по исто брдо (сегмент на „Strava“);
  2. Дозволено е да се користат алтернативни методи на спуштање (велосипед, жичара, кола итн.);
  3. Може да се користи GPS уред што е поврзан со „Strava“;
  4. Доколку направите 8848м на пола брдо, можете да прекинете со качување и
  5. Не смеете да спиете додека го правите

Главната разлика на овие два предизвика е во тоа што кај првиот имате поставено временски лимит во којшто треба да направите што е можно повеќе висинска разлика додека пак во вториот имате поставено колку метри треба да искачите во што е можно пократок временски предиод, нормално почитувајќи ги правилата. Токму ова го ја одредува тактитата во избор на локацијата, темпото на движење, изборот на часот кога да се почне и како да се тренира. Заедничко е тоа што мора да се направи детално планирање на се, организација на логистичка поддршка, паметен избор на храна и секако „патењето“ додека го правите но и чуството на сатисфакција кога ќе завршите.

Од сето ова можеби ќе се постави прашањето што е поголем успех. Одговорот е едноставен, завшувањето на било кој предизвик е огромно достигнување и поместување на сопствените граници. Без разлика дали ќе поставите нов рекорд или „само“ завршите ќе бидете побогати за едно големо животно искуство.


beyond-the-results-logo

Резултати од Охрид Ултра Треил

После мали технични проблеми, ги имаме неофицијалните резултати од „Ohrid Ultra Trail“. Иако сите учесници се еден вид на победници, сепак правилата наложуваат некој да биде и на подиумот. На големата трка, „Ohril Ultra Trail 107K“ победник е Gregor Hain, на второ место е Жикица Ивановски на трето мето Gentian Likaj. Во женска конкуренција прва заврши Arineta Mula, на второ место Сања Најдовски и на трето место Uta Ibrahimi. Првите три места на „Galicica Ultra 66k“ ги освоија, Дејан Ангелоски, Антонио Каранфилоски и Александар Еленин во машка категорија, додека пак кај девојките најбрзи беа Erida Kurshumlija, Ивана Пекевска и Бисера Николовска. На најкратката трка од сите, „Letnica Trail 18K“, победник во машка конкуренција е Илија Пајмакоски додека пак кај дамите најбрза беше Марија Пеликон.


beyond-the-results-logo

Прва книга на Илина Арсова

„Планинарење“ е првенчето на нашата Илина Арсова, прирачник за сите оние што сакаат да научат нешто повеќе за планинарските спортови. Во оваа книга ќе најдете информации за „Sky running“ и Алпинизмот како сродни активности на планинарењето. Книгата може да се најде на штандот, на саемот за книги, на Книжарница Три (како и во нивните продавници), Кафе Галерија во Охрид и Хотел Туто во Јанче.


beyond-the-results-logo

Приказната на Примош Роглиќ

Приказната на словенечката сензација во велосипедизмот. Како еден од најталентираните ски скокачи, успеа да ја носи жолтата маичка на „Tour de France“. Дали недостатокот на талент може да се надoкнади со напорна работа или талентот може да ја компензира „мрзата“ кај еден спортист? Одговорот го имате во видеото.


beyond-the-results-logo

Велосипедист vs триатлонец

Вечната дебата за тоа дали триатлонец може да биде брз како велосипедист (на велосипед) ќе биде актуеална се додека постојат овие два спорта. Затоа двата најпознати „youtube“ канали GCN и GTN решија да направат „head to head“ трка на Zwift. За да биде поинтересно овој предизвик ќе трае цела недела и може да се приклучите во еден од двата тима за да го дадете својот придонес во победата или поразот 🙂


beyond-the-results-logo

„Tour de france“ објаснета

Во светот на велосипедизмот, трката „Tour de France“ претставува најголемиот и најпрестижен настан. Тренинг порграмите на големите тимови се дизајнирани така што велосипедистите врвот на својата форма треба да го имаат токму тука. Поради важноста, оваа трка знае да биде и конфузна за „обичните“ гледачи затоа ние ви преставуваме видео каде што се објаснува се што треба да се знае за овој настан за да може комплетно уживате во него.


beyond-the-results-logo

Брзински рекорд на Пелистер

За спортистите летото претставува период за т.н. „peak“ на психофизичката припрема и претставува идеално време за рушење на старите и поставување на нови рекорди. Како резултат на тоа, на 27.07.2020 Александар Кирковски направи нов брзински рекорд, односно „FKT – Fastest Known Time“ на Пелистер. Тој успеа да се качи и симне за 2:05:31, притоа поминувајќи вкупно 19 km со 1200 D+. Стартот беше од Инфо центарот, преку „болници“ и назад по истата патека. Предходниот „FKT“ беше 2:10:54 во сопственост на Александар Стојкоски. Следната цел е вкупното време да биде испод 2 часа.


beyond-the-results-logo

Аеробна база

Авторите на книгите, „Training for the new Alpinism“ и „Training for the Uphill Athlete“ , Steve House и Scott Johnston во својот подкаст објаснуваат што значи Аеробна база, зошто е потребна за сите што практикуваат „endurance“ спортови, како да препознаете дали имате слаба аеробна база итн.


beyond-the-results-logo